Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар победнички против Македонија Ѓ.П
Кадетите на ФК Вардар победнички против Македонија Ѓ.П

Кадетите на ФК Вардар победнички против Македонија Ѓ.П

Утрово на теренот во Ѓорче се одигра фудбалски натпревар, помеѓу кадетските екипи на фудбалскиот клуб Вардар и Македонија Ѓ.П. Подобри беа црвено-црните, кои забележаа победа со резултат 0:3. Стрелци на головите беа Дејан Стоименов, Дејан Маркоски и Марко Ѓорѓиевски.

Избраниците на Влатко Колев се вратија на победите во лигата, откако во рамките н 19 првенствено коло беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П на гостински терен. Нашите млади надежи беа подобри на теренот и сосема заслужено ги освоија трите бода. Резултатот го отвривме во првото полувреме, кога со погодокот на Дејан Стоименов заминавме на одмор со предност од 0:1.

Домашниот тим речиси и да не создаде посериозна прилика кон нашиот гол, квалитетот беше очигледен на наша страна, па во вториот дел уште два погодока во мрежата на Македонија Ѓ.П. Капитенот Дејан Маркоски ја најави победата за веќе 0:2. На овој дуел, тренерот Влатко Колев шанса за настап му даде и на Марко Ѓорѓиевски кој настапува за Вардаровите пионери. Ова момче успешно ја искористи пружаната шанса, запишувајќи се во листата на стрелци за водство од 0:3, што беше и конечен резултат на овој натпревар.

Со овој триумф нашите кадети останаа во борбата за титулата, само два бода е разликата со Шкеднија, со која во последните три кола ќе се води голема борба за титулата. Во следното кола на домашен терен го пречекуваме тимот на Металург, кој исто така има шанси да се вмеша во борбата за трофејот.

ФК Вардар: Зибери, Пирков, Тасески, Јорданоски, Петрески, Наскоски, Скендерски, Трајчевски, Јакупи, Маркоски, Спирковски