Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Минимален пораз од Пелистер за Вардар јуниор
Минимален пораз од Пелистер за Вардар јуниор

Минимален пораз од Пелистер за Вардар јуниор

Викендов свој дуел во плеј-аутот имаше тимот предводен од Пепи Манасков тимот на РК Вардар Јуниор, тие се сретнаа со екипата на битолски Пелистер и тоа на гости во салата “Младост“ пред околу 1000 гледачи.  Битолчани успеаа да однесат победа минимална од 29-28 и ако ние бевме подобар тим во првиот дел и отидовме на одмор со резулат 13-14.

Мечот играчите на Јуниор го почнаа сосема добро и први отворија со три последователни гола, по почетните минути резултатот во Битола беше 0-3. Потоа следуваше игра гол за гол на двете страни, разликата остана иста, во двете мрежи паднаа по четири гола и негде на половината од првиот дел резултатот беше 4-7. Потоа следуваше серија 5-0 на зелено-белите кои го преземаа водството со резултат 9-7. Се вративме со мини серија 2-4 и изедначивме на 11-11  пред почетокот на последните моменти од првиот дел од овој дуел. Во финишот бевме поуспешни за едне погодок и на одмор заминавме со резулат 13-14. Се играше во вториот период игра гол за гол, со цврсти стартови, силна одбрана тимовите се менуваа во водството кое секогаш беше минимално, постојано се изедначуваше резултатот и негде по половина одиграно време во вториот дел резулатот беше изедначен 20-20. Повторно лоша игра кај нас тоа го користат битолчани и прават серија 4-1, со што се одлепуваат првпат во вториот дел плус три односно 24-21. Следуваше игра гол за гол и во финишот во последните 5 минути домаќините влегоа со предност од 29-25, ние се обидовме да го стигнеме во финишот,  но не успеавме. Дадовме три последователни голови со кој за жал изгубивме само со еден гол односно 29-28. Најефикасен кај нас беше : Тренчевски со 5 гола, по него најефикасни беа тројца ракометари- Јовчевски, Манасков и Георгиевски.