Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардаровите кадети се вратија на победите во лигата, Благојевиќ донесе три бода во дуелот со А.Пандев
Вардаровите кадети се вратија на победите во лигата, Благојевиќ донесе три бода во дуелот со А.Пандев

Вардаровите кадети се вратија на победите во лигата, Благојевиќ донесе три бода во дуелот со А.Пандев

Денес на теренот на академијата ссе одигра кадетското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Академија Пандев. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа минимално со 1:0. Стрелец на единствениот гол, вреден три бода беше Милан Благојевиќ.

Тренерот Колев го започна мечот со: Тимевски, Радевски, Ѓурковски, Пешевски (c), А.Младеновски, Адем, Благојевиќ, Ѓорѓиески, Филипоски, Астарџиев, Димов.

hh

Првиот удар на натпреварот го имаше екипата на Академија Пандев, но голманот на Вардар, Бојан Тимевски го одбрани ударот. Веќе во десеттата минута од натпреварот, тренерот на Вардар, Влатко Колев направи измена, од игра излезе Астарџиев, на негово место влезе Марио Младеновски. Прв кој се закани кај црвено-црните беше Али Адем, но неговиот удар завршува во рацете на добро поставениот голман на струмичани. Се играше претежно на средината на теренот, без некои поголеми шанси за отварање на резултатот. Можеби најувата прилика за погодок ја имаше Александар Младеновски кој од непосредна близина бие само покрај голот на А.Пандев.

hh4

Возрати гостинската екипа на спротивната страна, кога нивниот играч Димитров од одколу 20 метри биеше, но Тимевски со бравурозна интервенција спаси негатива. Без големи прилики, првото полувреме заврши со резултат 0:0.

hh5

На стартот на второто полувреме нова измена во нашите редови, во игра влезе Бојан Димоски на местото на Александар Младеновски. Вардар беше ногу подобар во второто полувреме, кога постојано напаѓаше на половината на противникот. Тоа вроди со плод, кога Милан Благојевиќ по неуспешна офсајд замка на А.Пандев успева сам да излезе со нивниот голман и да ја смести топката во мрежата, за предност од 1:0. Имаше обид и Мартин Филипоски, но сега протовничкиот голман го брани ударот.

hh3

Во овој дел од мечот најактивен беше Благојевиќ кој повторно бие од околу 20 метри, но топката заврши покрај голот и резултатот остана непроменет. Од игра излезе Ѓурковски, додека влезе Манасиевски, за да се освежи играта на црвено-црните. А.Пандев речиси и да е се закани кон нашиот гол, додека Вардар играше одлично на средината на теренот и не дозволуваше многу опасности кон голот на Тимевски. Последниот обид го имаше нововлезениот Бојан Димоски, кој шутира во рацете на добро поставениот голман. Без поголеми возбудувања поминаа последните десет минути од мечот, во кој Вардар слави со конечни 1:0.

Ова беше втор триумф за кадетите на Вардар во новата сезона, кои имаат уште и еден нерешен резултат и пораз.