Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес го објави составот за денешниот натпревар со Нант
Гонзалес го објави составот за денешниот натпревар со Нант

Гонзалес го објави составот за денешниот натпревар со Нант

Нант од Франција е следен противник за црвено-црните во лигата на шампионите. Екипата на Вардар се наоѓа во одлична форма на стартот од сезоната, каде забележа четири победи во СЕХА и една во лигата на шампионите. Добрата игра треба да ја повториме и на денешниот натпревар, иако нема да биде воопшто лесно да се стигне до победа. Тренерот Гонзалес веќе го објави составот, на кој ќе смета за денешниот дуел со Нант. На него поради повреда го нема Карачиќ, додека место има за младиот Поповски.

РК Вардар: Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Фереира, Ѓорѓески, Поповски, Кристопанс, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Штербик, Стоилов, Војводиќ.

Нантпреварот во С.Ц. Јане Сандански започнува од 17:30 часот.