Младинците на Вардар до врв ја наполнија мрежата на А.Пандев, на денешниот натпревар од четвртото првенствено коло. Со многу подобра игра во второто полувреме, избраниците на Ѓорѓиевски убедливо триумфираа со резултат 5:1.
ФК Вардар: Велковски, Џуклески, Антовски, Стојановски, Милковски (c), Наумчески, Јахја, Илиевски, Колески, Маркоски, Ибиши.
Академија Пандев прва успеа да го отвори резултатот и во 10 минута со евро голот на Кристијан Велиновски од околу 30-тина метри да го совлада голманот Велковски, за отварање на резултатот на 0:1. Гостинската екипа од Струмица беше подобра на теренот, а нивни најопасен играч беше токму стрелецот на голот. Најпрво Велиновски биеше покрај на Вардар, за потоа од слободен удар да бие, но Велковски го скротува неговиот удар. Црвено-црните ја имаа најголемата шанса во овој дел од натпреварот, кога Колевски од непосредна близина бие над голот на противникот, по што резултатот остана непроменет.
Вардар успеа да воспостави рамнотежа на теренот и до крајот на првото полувреме, беа поконкретни од Струмичани. Маркоски се обиде и биеше покрај голот на Денковски. Повторно се закани гостинската екипа, но Велковски е повторно на место и не дозволува поголема негатива. Сепак до крајот на првото полувреме, избраниците на Петар Ѓорѓиевски успеваат да постигнат гол и да го израмнат резултатот. Се играше последната минута од првиот дел, кога најпрво биеше Ибиши но Денковски одбрани, сепак одбиената топка стигна до Колевски кој од неколку метри ја смести топката во мрежата, за израмнување на 1:1. Веднаш потоа судијата отсвири крај на првото полувреме.
Во второто полувреме веднаш направивме измена. На местото на стрелецот на голот, Колевски во игра влезе Александар Трајчевски, што се покажа како една од главните работи за резултатскиот пресврт. Уште во првата минута од вториот дел, Трајчевски успева да го “матира“ Денковски и да му донесе водство на Вардар од 2:1.
Мора да се напомене дека во вторите 45 мнути гледавме сосема поинаков и различен Вардар од првиот дел. Црвено-црните тргнаа во целосна офанзива, а струмичани беа длабоко повлечени на својата половина. Набргу следеше и трет гол за Вардар, а него го постигна Јахја кој од десната страна се ослободи од еден противнички играч и биеше во мрежата на пртивникот, за веќе водство од 3:1.
Одличен на голот беше и Велковски, кој собра уште една топка и не дозволи да примиме втор гол. Советите на тренерот Ѓорѓиевски на паузата вродија со плод, кога неговиот состав целосно го надигра противникот.
Прв гол на натпреварот постигнува и Марио Илиевски, најпрво Денковски ја одби топката која стигна до Илиевски, оовј не греши и погодува за предност од 4:1. И покрај високоата предност, Вардарци не помислуваа да запрат со нападите, Пандев изненаден од добрата игра беше само “набљудувач“ на теренот. Во вториот дел направивме измени, во игра влезе и Оливер Дишлиевски и токму охриѓанецот се запипува во листата на стрелци, за уште еден гол во мрежата на А.Пандев и веќе убедливи 5:1 на овој натпревар. Дишлиевски внесе дополнителна свежина во нашата игра и истиов играч се обиде уште еднаш, но топката оди покрај голот. Одличен меч одигра денес и капитенот Милковски кој против својот поранешен тим покажа дека се работи за врвен играч.
Токму Ване Милковски се најде во прилика, но овој пат Денковски брани. Во шанса се најде и Антовски, но топката заврши во надворешниот дел од мрежата. Сите играчи кои беа на клупата добија шанса за игра. Нов играч кој се појави на теренот е Јовановски, кој го замени Стојановски на позицијата стопер. Посебен момент беше влегувањето на младиот голман, Лука Стојковски кој е генерацијата “2003“, кој го замени Велковски.
Лука веднаш ги покажа своите квалитети и одбрани незгоден удар на струмичани. До крајот за одбележување е уште една шанса на Дишлиевски, која остана без реализација, односно голанот на А.Пандев го одбрани ударот. На крајот конечениот резултат гласи 5:1.
Денешниот натпревар на младинците го следеше и стручниот штаб на првиот тим на ФК Вардар, на чело со Чеде Јаневски.
Мора да ја пофалиме играта на нашите младинци во второто полувреме, кои покажаа како треба да се игра на наредните натпревари. Следен предизвик за црвено-црните се натпреварите од купот на Македонија, кои се игаат во среда.