Утре на теренот на академијата своите натпревари од третото коло во регионалната лига ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар, родени “2003“ и “2004“ година. Противник ќе ни биде екипата на Шкупи од Чаир.
Вардаровата генерација “2003“ после нерешениот резултат против Работнички на стартот од сезоната, во минатото коло беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П, која ја совладаа убедливо со резултат од 1:6. Утре имаме можнот за прв триумф на домашен терен во ова натпреварување, а пред себе ќе имаме силен противник. Овој натпревар започнува од 12 часот.
Минатото коло, генерацијата “2004“ на ФК Вардар беше слободна бидејќи Македонија Ѓ.П немаше екипа во оваа возрасна генерација. Во првото коло избраниците на Кралевски убедливо ги победија врсниите од Работнички. Иако недостасуваат шест играчи кои преминаа во академијата на ФФМ, оваа генерација на Вардар се уште изгледа квалитетна за највисикото место на крајот од сезоната. Мечот со Шкупи ќе се одигра од 10 часот.