Денес стартуваше детската лига за генерација родени 2008 година, нивните натпревари ќе се играат на терените на ФК Работнички во Градски Парк. Двете екипи на ФК Вардар предводени од Павел Неделковски ги одиграа своите мечеви во кои забележаа победа и минимален пораз.
ФК Вардар (1) генер.2008 се сретна со ФК Њу Старт генер.2008 (1) во првиот дуел денес, во истиот дојде до победа со резултат 9-4 (6-2). Ние по првиот судиски свиреж на судијата Иван Ивановиќ тргнавме во комплетна офанзива на теренот. Веднаш на почетокот за 1-0 погоди Митановски Илија кој беше најуспешен во противничкиот казнет простор. Следеа две нереализирани прилики, првата на Павел Андов и уште една прилика имаше Митановски. Сепак младиот Илија Митановски во следната прилика беше најлукав и по една мешаница ја смести топката зад грбот на ривалот за наша предност од 2-0. Њу Старс се обиде со удар од дистанца, сепак на место беше нашиот голман Лука Грчевски. Добивме казнет удар по три корни, истиот во гол за 3-0 го претвори Стефан Бранковски кој шутна силно по земја. По казнет удар за противникот тие успеаа да намалат на 3-1 во продолжение. Павел Андов по еден соло продор зголеми на “плус три“ тој погоди за 4-1, сепак во следната шанса Њу Старс да намали на 4-2. Павел Андов веднаш врати со погодок од над 15 метра, одличен удар со кој повторно водевме со три гола, сега 5-2. До крајот ја контролиравме играта, имавме повеќе посед од противникот и пред одморот го зголемивме водството. Гол за 6-2 постигна Арти Азизи во самиот финиш на првиот дел од овој дуел во детската лига.
Вториот период почна со “студен туш“ за нас кога ривалот по една минута игра искористувајќи ја нашата невнимателност намали на 6-3 на самиот почеток. Следеше наша офанзива, еден од играчите во жолто одигра со рака, Ивановиќ покажа пенал за црвено-црните. Успешен реализатор на истиот за наше водство со 7-3 беше Ненад Дамјаноски. Потоа имавме прилика преку Азизи Арти чии удар заврши над гредата, сепак истиот играч во следната прилика беше многу поумешен и погоди за “пет плус“ односно 8-3. Противникот се обиде да намали, но одлична интервенција “испорача“ Грчевски на нашиот гол во продолжение од дуелот. Стефан Бранковски имаше две прилики во продолжени да го зголеми водството, во едната шутна крај, а во другата над голот на Њу Старс.
По една мешаница пред нашиот гол, бевме неумешни и не исфрливме на време што го искористија ривалите за погодок и намалување на предноста на 8-4. Се играа последните пет минути, до крајот имаше уште неколку моменти за одбележување. Најпривин момците во жолто промашија пенал и погодија во директот од голот на Грчевски, а потоа по корна си постигнаа автогол за 9-4 што подоцна ќе се покаже и како конечен резултат на овој дуел. Во последните моменти Киш Матеј имаше одличен шут од слободен удар, топката го мина “живиот ѕид“ сепак за жал заврши на неколку сантиметри крај дирекот.
Во вториот дуел денес екипата на ФК Вардар (2) генер. “2008“ се сретна со тимот на Башкими од Куманово, нашите момци во овој дуел забележаа минимален пораз од 5-6 (2-4). Дуелот го почнавме со рано водство и погодок за нас по само една минута игра. За 1-0 погоди Павел Андов со удар од над 15 метра дистанца. Нашиот ривал од Куманово брзо врати и изедначи на 1-1 на овој дуел од детската лига. Одличен обид имаше Башкими и за водство, сепак со атрактивна парада исфрли во корна нашиот голман Аце Милошевски. Следеше се до средината на првиот дел цврста игра без посебни прилики на двете страни. Со лукав удар од голема дистанца поведовме со 2-1 преку Коста Бошковски. Следеа минути на кумановчани тие најпривин од пенал изедначија на 2-2, а потоа од игра погодија двапати по ред за нивна предост од 2-4. Се обидовме до крајот на првиот дел имавме и неколку прилики да намалиме сепак не успеавме со тој резултат заминавме на одмор, 2-4. За нас шасни имаа Павел Андов и Коста Бошковски стрелците на головите за нас во првиот дел.
Вториот дел го почнавме со брз погодок со кој се вративме во игра, за 3-4 погоди одлично Лука Николовски. По овој гол имавме офанзива во која се обидувавме да изедначиме и да се вратиме резултатски во дуелот. Павел Андов имаше удар кој заврши крај голот, потоа се обиде и Матео Кесиќ неговиот удар отиде над голот на нашиот ривал. Башкими ги казни нашите промашувања и со два брзи гола се одлепи на “плус три“, односно поведоа со високи 3-6 на пет минути до крајот од овој дуел. Следеше прилика на Павел Андов и потоа имаше шанса и Матео Кесиќ за жал двата удари не завршија во мрежата на зелено-белите. Во финишот погодивме двапати најпривин стрелаше од дистанца за 4-6 Матео Кесиќ, потоа противникот си постигна гол за 5-6. Сепак немаше докрајот многу време за изедначување, за жал забележавме минимален пораз и покрај солидната игра на избраниците на Павел Неделковски.