Вардаровите ракометари веќе се на теренот во Спортскиот центар “Јане Сандански“, тие почнаа со подготовките за првиот меч дома во ЕХФ Лигата на Шампионите со француски Нант. На теренот е и македонскиот ракометар во противничките редови, капитенот на Македонија Кирил Лазаров. Се очекува момците на Гонзалес Раул денес да дојдат до победа во полната сала и да ја израдуваат црвено-црната публика.