Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Европскиот првак, Вардар реди победи во ЛШ! Нант нова жртва на црвено-црните
Европскиот првак, Вардар реди победи во ЛШ! Нант нова жртва на црвено-црните

Европскиот првак, Вардар реди победи во ЛШ! Нант нова жртва на црвено-црните

Вардаровите ракометари вечерва на  теренот во Спортскиот центар “Јане Сандански“ го одиграа првиот меч дома во ЕХФ Лигата на Шампионите со француски Нант. Момците на шпанскиот стручњак Раул Гонзалес дојдоа до триумф со 27-23, на полувреме европскиот шампион отиде на одмор со предност од четири гола, резултатот по 30.минути игра беше 14-10.

1

Први со гол овој дуел го отворија играчите на Нант дури во 4.минута, во првите три минути двата тима не успеаа да погодат, а на нашиот гол две одлични одбрани впиша Арпад Штербик.  Веднаш вративме и погодивме за резултатска симетрија 1-1 преку Чупиќ од пенал, прекршокот беше направен над капитенот Стоилов. Гостите поведоа со 2-1 па со 3-2, а ние со брзи голови им го израмнувавме резултатот и со резултат 3-3 влеговме во 10.минута од овој прв дуел дома во ЛШ за оваа сезона. Првото водство за нас го впишавме во 11.минута кога Дибиров со одлична “вртена топка“ погоди за 4-3.  Во продолжение промашивме во напад сепак, на нашиот гол блесна Штербик и не оддржа во живот. Тоа го награди Кристопанс во 16.минута со гол за 5-3. Со серија во нивна корист 1-4 Нант успеа во 20.минута да поведе, на семафорот во С.Ц “Јане Сандански“ стоеше резултатот 6-7, по што следеше тајм-аут за Раул Гонзалес поради консултации.

3

Во игра беа уфрлени Македа и Фереира на метсто на Стоилов и “естонскиот џин“ во нашите редови со цел освежување. Сето тоа веднаш вроди со плод  бразилецот по само 15секунди игра изедначи на 7-7, а Дибиров во акцијата потоа стрелаше за наша предност од 8-7. Во 24.минута со петиот негов гол Мораес зголеми на 10-8, од сите гола за црвено-црните пикерот од бразил постигна половина. Потоа следеше пенал за Кире Лазаров кој мајсторски го одбрани Штербик, тоа во напад го “награди„ Циндриќ за преднос првпат од “три плус“ 11-8. Одигравме добра одбрана во продолжение, казнувавме во напад па отидовме и на “плус пет“ во 29.минута.  До крајот гостинот само успеа да намали на 14-10, резултат со кој заминавме на одмор на овој дуел во ЛШ. Штербик во првиот дел покажа дека е класа, од минута во минута редеше интервенции секогаш кога “паѓавме“ тој не вадеше.

4 7

Вториот дел започна со погодок на Кристопанс за наша предност од 15-10, на што ривалот одговори со погодок за намалување на 15-11. Следеа минути во кои се играше гол за гол, двете екипи погодија по два пати па во 35.минута влеговме со наша предност од 17-13 со велемајсторскиот гол на Чупиќ Иван од седмерец. Во продолжение ја подобривме играта во одбрана, Штербик одбрани две нови топки и зголемивме на 19-14 по што клупата на францускиот вице-првак, Нант повика тајм-аут. Тоа вроди со плод, тие направија серија 0-4 и намалија на 19-18 во 12.минута од вториот период во овој натпревар, по што веднаш сосема очекувано реагираше црвено-црната клупа. Веднаш се разбудија  “џинот“ Кристопанс кој погоди со силен удар во стативата и Чупиќ кој од пенал погоди за 21-18 и стаблизација на резултатот по краткиот пад.  Се играше гол за гол и во 18.минута од вториот дел влеговме со предност 23-20 за црвено-црните. Штербик блесна повторно како што само он знае, а Кристопанс зголеми на 24-20.  Противникот со мини серија од три гола едно по друго намали на 24-23 во продолжение и на 7.минути до крај внесе неизвесност во овој дуел. Стоилов со еден  феноменален потег погоди во продолжение за 25-23, и врз него беше направен пенал кој неуспеаа во гол да го претвори Чупиќ. Гостите имаа еден долг напад кој не го претворија во гол, не во офанзива погодивме преку Вуко Борозан за 26-23 на 2.мин до крајот. До крајот одигравме одлично и победивме 27-23 на овој дуел.

5

Најдобар стрелец кај нас беше Фереира со 6 гола, Кристопанс имаше 5 погодока, а  Чупиќ постигна 4. Треба да се напомене и уделот на Штербик кој повторно беше “двоцифрен“.