Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар подобри од Македонија Ѓ.П, на пријателски натпревар одигран во Аеродром
Кадетите на ФК Вардар подобри од Македонија Ѓ.П, на пријателски натпревар одигран во Аеродром

Кадетите на ФК Вардар подобри од Македонија Ѓ.П, на пријателски натпревар одигран во Аеродром

Попладнево на теренот во населбата Јане Сандански, кадетите на ФК Вардар одиграа пријателски натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Истиот го добивме во своја корист со резултат 4:1.

1

Црвено-црните во првото полувреме имаа неколку добри шанси, иако Ѓорче прв го отвори резултатот, до крајот на првите 45 минути успеавме да го свртиме резултатот во своја корист. Уште во првите минути од мечот имавме прилика преку Туша Ветон, кој со глава бие покрај голот, откако од десната страна топка нафрли Петејчук. Веднаш после него се обиде и Хасани, кој шутираше, но одбрани голманот на Ѓорче. Првата поголема прилика ја имавме преку Муас Демири, кој успеа да се ослободи од голманот, но не и да го погоди голот, па резултатот остана оној почетниот. Поранешниот голман на Вардар, Марко Станковски, имаше неколку одбранети удари на вардарци, еден од најголемите виновници што нашите кадети немаа поголемо водство.

4

Противничката екипа од својата прва прилика успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, откако дозволивме еден од нивните играчи да излезе сам против Китановски и да го совлада, за водство на Македонија Ѓ.П од 0:1. Избраниците на Деспотовски продолжија со офанзивната игра, имавме можности да израмниме откако кон противничкиот гол се заканија Демири и Туша, но одбрани Станковски. До крајот на првиот дел, Вардар успева да направи резултатски пресврт. Најпрво после една одлична акција, резултатот на 1:1 го израмни Туша Ветон, за пред крајот на првиот дел, после голманска грешка, на вистинското место се најде Мартин Радуловиќ-Величковиќ, за резултатски пресврт од 2:1.

2 5

Првиот посериозен удар во вториот дел го имаше Абдула Хасани, кој при една одбиена топка биеше над голот. Сепак во следната акција успеваме да постигнеме гол и да го зголемиме резултатот на 3:1, преку Фисник Салиу. Истиов играч се најде повторно во шанса, но одбрани голманот на Ѓорче. Голема прилика имаше и Абдула Хасани, но противничкиот чувар на мрежата успеа да одбрани и да спаси чист гол. Во листата на стрелци се запишува и Харбин Речица, кој погодува после нафрлена топка во противничкиот шеснаесетник од Хасани, за предност на Вардар од 4:1. До крајот на дуелот иницијативата беше на страната на нашите момци, кои напрација уште неколку шанси за погодок, додека Македонија Ѓ.П речиси и да не закани кон голот на Китановски. На крајот триумф за Вардар со конечни 4:1.

 Вардар: Китановски, Асани, Крстевски, Величковиќ (c), Асани, Гугуљанов, Речица, Хасани, Салиу, Демири, Туша.

Играа уште и Костовски, Трајановски, Симев и Шабани.