Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар до две добри шанси, 0:0 по првиот дел во Словенија

Вардар до две добри шанси, 0:0 по првиот дел во Словенија

Тимот на Вардар одлично ги одигра почетните 20-сетина минути од дуелот. Имаше две супер шанси да го отвори резултатот, но изостана реалализација. Најпрвин, Аврамовски дојде до шанса откако Вардар изврши супер пресинг на противничката половина, но нашиот офанзивец биеше за малку високо над голот со лоб удар. Потоа следуваше и големата шанса на Ибиши со глава, кој од пет метри биеше само над голот на противникот и пропадна и оваа шанса. Касимпаша во првиот дел имаше две до три прилики, но Гачевски не дозволи да биде совладан. На крајот, првиот дел заврши со почетните 0:0.

Вреди да се пофали дисциплинираната игра на Вардарци пред се во одбраната. Жуниор и Серафимов делуваа одлично.

Вардар дуелот го започна во следниот состав: Гачевски, Серафимов, Новак, Жуниор, Тошевски, Брдаровски, Најдовски, Мицевски, Цветаноски, Аврамовски и Ибиши.