Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Стартува “Куп на Пријателство“, кадетите на ФК Вардар отвараат против екипата на Удинезе
Стартува “Куп на Пријателство“, кадетите на ФК Вардар отвараат против екипата на Удинезе

Стартува “Куп на Пријателство“, кадетите на ФК Вардар отвараат против екипата на Удинезе

Денес со почеток од 16:00 часот генерацијата на ФК Вардар родени “2000“ година го стартуваат учеството на силниот меѓународен турнир “Куп на Пријателство“ кој до недела ќе се игра во Златибор (Србија).

Вардарци на овој турнир се предводени од Петар Ѓорѓиевски, додека негови помошници ќе бидат Сашо Јанев и Горан Петрески. Во првото коло, кое на програмата е денес за противник ќе го имаме тимот на Удинезе од Италија, додека за утре од 12:00 часот е закажан дуелот против екипата на Еспањол од Шпанија. Според програмата на спортските канали “Спорт Клуб“ нема да има пренос од првите два натпревари на Вардар. Дополнително треба да се одреди саатницата на одигрување на третото коло во групната фаза, каде за противник го имаме тимот на Олимпија, а мечот е закажан за во четврток.

Вака изгледаат групите на турнирот “Куп на Пријателство“, вкупно четири составени од исто толку екипи. Само првопласираните од групите ќе играат во полуфиналето и ќе се борат за пласман во големото финале.

vardarfansa-grupi

На завршната церемонија ќе се доделуваат и поединечни награди, за најдобар играч, стрелец и голман. Ова ќе биде големо искуство за вардарци, кои се надеваме дека ќе прикажат добра игра и достојно ќе го претстават клубот на овој силен турнир, на кој учество земаат квалитетни школи од Балканот, но и од Европа.