Викендов на терените на ФФМ, во Ново Лисиче се одиграа завршните турнири кои ги дадоа шампионите на Република Македонија во детската лига. ФК Вардар генер.“2008“, предводен од Павел Неделковски успеа втора сезона по ред да го освои трофејот во детската лига и да докажат дека се доминантни во Македонија. Тие во големото финале да ја совладаат екипата на Академија Пандев и тоа убедливо со резултат 5:1, во меч во кој целосно доминираа во сите аспекти на фудбалската игра.
Целосен извештај од овој дуел овде, апак видео од нивната радост по победата може да најдете на нашиот сајт- тука, во продолжение неколку фотографии од финалето и примањето на заслужените медали и пехарот.