Кадетите и младинците на ФК Вардар денес гостуваа во Прилеп, на екипата на Победа. Кадетите освоија бод, играјќи со нерешен резултат 2:2, додека младинците беа убедливи и славеа со резултат 0:8.
Кадетите на Вардар први успеаа да го отворат резултатот уште во 6.минута од мечот кога погоди Малик Хасановиќ за наша предност од 0:1. Со овој резултат и се замина на полувреме, во кое црвено-црните имаа минимално водство. Сепак во второто полувреме, за само пет минути, екипата на Победа го сврти резултатот во своја корист. Најпрво во 50 минута израмни на 1:1 за во 55 минута да направи резултатски пресврт и да поведе со 2:1. Вардар во крајот на мечот односно во 68 минута успеа да постигне гол и да го израмни резултатот со голот на Леонид Игнатов, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој меч од кадетската-супер лига.
Вардар: Китановски, Манасиевски, Николов, Митревски, Бојковски, Хасановиќ, Ристовски, Игнатов, Зендели, Мирчевски, Цури.
Младинците пак не пропуштија ништо на случајноста и триумфираа убедливо со резултат од 0:8. Резултатот беше отворен во 12.минута од мечот кога погоди Виктор Пешевски за предност од 0:1. Во 24 минута Вардар успеа да го зголеми резултатот на 0:2 со голот на Фитор Реџепи. До крајот на првиот дел успеавме да постигнеме уште три голови. Најпрво во 33 минута поведовме со 0:3 со голот на Антонио Божиноски, за веќе во следната минута да биде и 0:4 откако погоди Александар Младеновски. Истиов играч во 38 минута му донесе водство на Вардар и од 0:5.
Во вториот дел постигнавме уште три голови во домашната мрежа. Со својот прв гол денес Александар Ѓорѓиески го зголеми резултатот на 0:6. Во листата на стрелци се запиша и Марко Стојчески кој во 58 минута постигна гол за 0:7, додека конечните 0:8 на овој натпревар ги постави нововлезениот Мустафа Јусуф.
Вардар: Андов, Радевски, Пешевски, Стојчески, Велковски, Ѓорѓиески, Младеновски, Реџепи, Божиноски, Наумчески, Тасев