Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пелистер фрлен на коленици во Битола, победа за РК Вардар во младинската средба
Пелистер  фрлен на коленици во Битола, победа за РК Вардар во младинската средба

Пелистер фрлен на коленици во Битола, победа за РК Вардар во младинската средба

Младинците на РК Пелистер денес ја пречекаа екипата на РК Вардар во Салата „Боро Чурлевски“  во дуел од младинската Група-1. Кадетите на црвено-црните предводени од Будимир и Станковски дојдоа до гостинска победа со многу борба и пожртвуваност. Ние победивме со три гола на овој меч, односно со резултат 18-21.

Првиот дел започна со наша почетна предност на почетокот од овој дуел во Битола со еден гол,1-2. Домаќинот врза три гола во серија и направи пресврт поведувајќи со  4-2. Веднаш изедначивме на 4-4, па од тука се до крајот на првиот дел постојано имаше резултатска симетрија на семафорот.Се играше борбено и цврсто, нашите црвено-црни момци одлично се носеа со предизвикот. Како и што беше поголем период нерешено во првиот дел, така и се замина на одмор со резултатска симетрија од 10-10.

Вториот дел започна како што заврши првиот, со по еден гол и ново изедначување на 11-11. Потоа момците на Будимир и Станковски влегоа во елемент. Беа далеку подобар противник, одиграа машки во одбраната и со серија 0-5 поведоа со  11-16. Сепак дојде до опуштање кое го казнија зелено-белите и успеаа да изедначат на  17-17 пред клучните, последни минути од дуелот. Сепак ние покажавме карактер и не дозволивме победата да ни биде одземена во финишот. Со серија 1-3 умешно дојдовме до триумф со резултат  18-21.

Кај нас Савревски Давид имаше шест гола, четири погодока на дуелот постигна Марио Мишевски.