Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Колев, ФК Вардар генер.2008 со две убедливи победи во детската лига
Момците на Колев, ФК Вардар генер.2008 со две убедливи победи во детската лига

Момците на Колев, ФК Вардар генер.2008 со две убедливи победи во детската лига

Момците на Влатко Колев, играчите на ФК Вардар генерација родени 2008  година денес одиграа два дуела од детската лига. На мечевите кои се одиграа на терените на ФФМ во Ново Лисиче дојдовме до две победи.

hh2

Вардар (1) генер. 2008  високо ја совлада екипата на  Албарса со 9-3. Дуелот започна со наша иницијатива во почетокот која ја наградивме со ран погодок. За нас погоди Петар Блажевски на почетокот со чив погодок поведовме со 1-0. Потоа ривалот успеаа да изедначи на 1-1. Илија Митаноски стапи на сцена имаше во продолжение три обиди. По првите два силни удари погоди во гредата, во третиот закачи еден одбранбен играч и топката силно се заби за наша предност од 2-1. Противникот повторно го анулираше нашето водство погодувајќи за 2-2. По овој резултат до крајот играше само еден тим на теренот, нашиот. Успеавме најпрвин од пенал да поведеме со 3-2 преку Иван Ташовски. До крајот на првиот период погодивме уште два пати. Ненад Дамјаноски и Лука Трпевски стрелаа за нас по соло пробиви за резултат 5-2, со кој се замина на пауза.

hh3

Вториот дел започна со наша инцијатива на тернот, рано погодивме и во овој период. Поведовме со 6-2 преку Марко Шотаровски. Потоа прилика за гол имаше Ташовски Иван која не ја реализираше. Лука Грчевски имаше одлична одбрана во продолжение, тој во вториот период фати и пенал. На 7-2 зголеми по Марко Шотаровски. Нашиот ривал успеаа да намали во продолжение погодувајќи за 7-3. Потоа имавме два атрактивни погодока за нашите момци, Ненад Дамјаноски од слободен удар. Потоа Илија Митаноски стрелаше силно, со нивите два гола поведовме со 9-3. Противникот беше поразен во целост, единствено до крајот на дуелот успеа да намали на 9-4.

hh9

Вардар (2) го совлада тимот на ФК Милано  со резултат 9-2.Почнавме доминантно на самиот почеток ние имавме доминација. Рано отворивме преку Стефан Бранковски кој погоди за 1-0. Имавме потоа три одлични, но нереализирани прилики. Најпрви се обиде Марко Киш, потоа и Арти Азизи кој погоди греда и нереализираше пенал за нас. Успевме да го удвоиме водството преку Коста Бошковски кој доби одлична асистенција од Бранковки. На голот две одбрани врза Дарко Јовчев. Ривалот намали од пенал на 2-1. До крајот на првиот дел ја вративме предноста од два гола преку Бранковски Стефан кој ги постави конечните 3-1 во овој дел.

hh8 hh5
Вториот дел почна со наша иницијатива која рано вроди со полод. По само 2.минути погодивме за 4-1 преку Арти Азизи. Нашиот голман Дарко Јовчев имаше неколку чудесни интервенции во продолжение. Ривалот намали на 4-2, но кратко траеше нивната радост. Во следната шанса погодивме преку Павел Андов кој ефектно стрелаше за 5-2. Нашата доминација продолжи па дојде и нов погодок, Коста Бошковски стрелаше за плус четири, 6-2. Нововлезениот Филип Сребров силно шутна и ја затресе гредата. Стефан Марковски се обиде од дистанца, топката мина за малце крај десниот директ. Противникот од пенал неуспеаа да намали Јовчев. Печат на дуелот стави Арти Азизи кој погоди пред крајот за конечни 7-2.