Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 со победа и пораз во дуелите со Албарса
ФК Вардар генер. 2006 со победа и пораз во дуелите со Албарса

ФК Вардар генер. 2006 со победа и пораз во дуелите со Албарса

Вардаровата генерација 2006 денес одигра два натпревари во рамките на редовното коло од детската лига, на кое забележа по една победа и пораз, во дуелите со екипата на Албарса.

Вардар (1) за жал го загуби мечот од тимот на Албарса (1) иако немаше да биде незаслужено иако Вардар триумфираше на овој интересен меч. Црвено-црните ја имаа првата голема прилика, откако Марко Николовски од прекин ја погоди само стативата од голот на Албарса, по што резултатот остана непроменет. Противникот имаше исто така прв обид, после нафрлена топка од корнер еден од нивните играчи биеше од прва, но топката оди покрај голот на Данстак.

3

Нова голема прилика зза вардарци, кои денес немаа дефинитивно среќа, овој пат Алтин Алији од прекин шутира силно, топкат ја погоди пречката, па Албарса се спаси и во оваа ситуација. Сепак и противникот имаше своја голема прилика, но нашиот голман Андреј Данстак спаси водство на противникот, откако одлично реагираше и одбрани. До крајот на првиот дел избраниците на Филип Спасевски имаа обид преку Величковски кој прекин бие, но одбрани голманот, како и ударот на Ајетовиќ, кој голманот  на Албарса го одбрани со крајни напори. По првиот дел резултатот беше 0:0.

1

Во вториот дел во првите десет минути од мечот Вардар се закани преку Величковски кој шутираше, но одбрани голманот на Албарса, како и преку Николовски кој бие покрај голот. Ниту во својот втор обид од прекин, Алији немаше среќа, повторно бие одлично, но топката повторно ја погоди пречката. Непишаното фудбалско правило е кога не можеш да постигнеш гол, стигнува казната на спротивната страна и тоа од сомнително досуден пенал за противничката екипа, кој го реализираат за предност од 0:1.

2

По само две минути, Вардар успеа да се врати во игра и после одбиената топка, Нуман Ајетовиќ да биде играчот кој ја смести во противничката мрежа, за израмнување на 1:1. Сепак екипата на Албарса го врати водството, откако нашиот голман Данстак направи голема грешка, после нафрлена топка од прекин, ја испушти топката од рацете, која стигна до еден од противничките играчи, кој не му беше тешко да ја смести топката во голот, за повторно да имаат предност од 1:2. Останаа уште пет минути надеж за Вардар, во кои имавме голема прилика преку Ајетовиќ, но за жал топката помина покрај голот. На крајот триумф за Албарса, со конечен резултат од 1:2.

 Победа затоа оствари Вардар (2) кој го доби мечот со екипата на Албарса (2), со резултат 2:1. Првата добра прилика за отварање на резултатот на натпреварот ја имаше Максим Цониќ кој се најде во добра ситуација, но биеше само покрај голот на Албарса. Затоа нашиот состав го отвори резултатот во следната прилика, а стрелец на голот е Михаил Танчев кој донесе предност на Вардар од 1:0. Имавме шанса и за зголемување на предноста, но Антони Динов ја погоди пречката. Се закани и противничката екипа, откако шутираа покрај гол, како и уште еден обид кој го одбрани Максим Краљевски. Сепак до крајот на првиот дел, Албарса постигна гол и го израмни резултатот на 1:1.

54211727_2112834058763429_2204479852587778048_n 54220380_2112834005430101_4689329814434217984_n

Во второто полувреме прва голема шанса имаше Марко Митев кој не успеа да ја претвори во погодок, откако биеше само покрј голот. Обиди имаа и Динов кој бие над голот,  исто така и ја погодивме пречката од голот на Албарса. Добра шанса имаше и Михаил Танчев, кој со лоб удар не успеа да ја погоди мрежата. Сепак Вардар во последните пет минути од мечот успева да погоди преку Михаил Танчев, за кој ова денес беше втор гол. На погодокот претходеше удар од прекин на Динов, голманот одбрани но само за момент, одбиената топка стигна до Танчев кој ја смести во мрежата, за триумф на Вардар на овој дуел, со конечен резултат од 2:1.