Кадетите на Вардар и Милано одиграа без победник (2:2), на натпревар од 13.коло во Кадетската Супер Лига.
Денес на теренот во Пржино, двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 2:2. Сите голови паднаа во првото полувреме, а Вардар успеа да се врати од два гола негатива, откако противникот по само 6.минути игра имаше предност од 0:2, сепак вардарци успеаа да се издигнат и да го израмнат резултатот, иако имаа и шанси да стигнат до резултатски пресврт.
Откако Милано поведе со два брзи гола, ние во 15.минута преку Филип Радевски успеавме да го намалиме резултатот на 1:2, одличен гол на нашиот играч кој со удар од некаде 15-сетина метри успеа да го матира голманот на гостинската екипа. Веќе во 25.минута успеавме да го израмниме резултатот со голот на Давор Лефковски, кој најдобро се снајде после една мешаница во противничкиот шеснаесетник и одбиена топка, која ја смести во голот.
Имавме уште неколку шанси на овој натпревар, Матеј Митревски после изведен корнер пропушти добра прилика, како и Кристијан Галевски кој се обиде од слободен удар, но не погоди. На крајот конечниот резултат гласеше 2:2.
ВАРДАР: Леонид Илиевски, Зоран Фидановски, Матеј Митревски, Андреј Петровски, Лука Јакимовски (К), Матеј Гаштаров, Марко Николовски, Димитар Стојановски, Давор Лефковски, Кристијан Галевски и Филип Радевски.
Играа уште и Максим Цониќ, Харбин Туша и Матеј Ѓорѓиевски.