Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2008 убедлив со Грозданоски, гостинска победа 0-5
ФК Вардар ген.2008 убедлив со Грозданоски, гостинска победа 0-5

ФК Вардар ген.2008 убедлив со Грозданоски, гостинска победа 0-5

Петлињата, ФК Вардар генерација 2008 во првото пролетно коло гостуваа кај тимот на ФШ Грозданоски во населба Илинден. Момците на Колев Влатко дојдоа до победа со високи 0-5 (0-1).

334974408_142659565391390_8319410600670974912_n
ВАРДАР: Грбевски Павел, Кадрији Ендрит, Делев Данило, Цветковски Филип, Јевтоски Христијан, Стамчевски Леонид, Ташевски Иван, Митаноски Илија, Буцевски Дамјан, Бојовиќ Заев Душан и Блажев Дамјан.

335050683_1198800114362308_9169070074851491569_n
Првиот дел го добивме со минимални 1-0, одлични бевме во поле на теренот на кој поради врнежите топката се движеше тешко. Во 25.минута по соло продор дојдовме до водство од 1-0 преку денес одличниот,одличниот Митаноски Илија. До крајот имавме уште една прилика да ја удвоиме предноста, шанса за погодок имаше Кадрији Ендрит, сепак на одмор заминавме со гол предност.

335423620_585602933508493_8744421968850081732_n 333412893_222278683664382_451144426042657135_n
Вториот дел започна со гол за нас веќе во 1.минута, Митаноски Илија украде една топка, одлично го исфрли чуварот асистираше до Буцевски Дамјан кој ја спроведе топката во голот на Грозданоски за удвојување на предноста односно за 0-2 за Вардар. Доминиравме во овој период на натпреварот до крајот постигнавме уште три гола за конечни 0-5. Најпрвин со неговиот втор гол Буцевски Дамјан погоди за 0-3, потоа и денес играчот кој создаде највеќе прилики Илија Митаноски исто така со својот втор гол донесе високи 0-4. Конечните 0-5 ги постигна Идризи Омер во 76.минута од ова прва пролетна средба за помладите петлиња на Вардар.

335027286_735180444986992_2967990932716588991_n
Играа за нас уште: Идризи Омер ,Јовановски Никола и Трпевски Давид