Денес започнаа дуелите во Скопската регионална фудбалска лига, екипата на ФК Вардар генерација 2009 гостуваше во Илинден кај тимот на ФШ Грозданоски. На оваа средба ние дојдовме до победа со резултат 0-1 (0-1).
ВАРДАР➡️Грчевски Лука, Колевски Даниел, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Бошковски Коста, Ристевски Матеј, Ангеловски Вилијам, Колевски Давид, Јовиќ Андреј, Смиљков Мартин и Галевски Лука
Во првиот дел на релативно тежок терен поради обилните врнежи од ноќта двата тима одиграа борбен дуел. Имавме против себе солиден противник кој парираше во поле, на одмор заминавме со гол предност. За резултат 0-1 на средината на овој период кој после се покажа како конечен и на овој натпревар стрелаше Матеј Ристевски. Акцијата ја започна Коста Бошковски кој со одлична асистенција го погоди стрелецот на голот во нога, одличната кобиминација донесе предност.
Вториот дел започна со одлична шанса на домаќинот, момците од Грозданоски се заканија, сепак на нашиот гол одличен беше Лука Грчевски кој тие удари успеа да ги скроти. Стрелецот на првиот гол за нас, Матеј Ристевски имаше два обида и во вториот период. Со офанзивна игра успеавме да ја зачуваме предноста на оваа средба и да дојдеме до три бода.
Во игра влегоа: Божиновски Михаил, Павловски Давор и Величковски Даријан