Избраниците на Борче Христов стигнаа до уште една победа, денес против екипата на Милано од која беа подобри со резултат 3:2 (2:0).
.
Вардар: Никола Филевски, Нуман Ајетовиќ, Влатко Кулуковски, Огнен Здравковски (К), Максим Бундалески, Горјан Цветков, Михаил Кузмановски, Виктор Стефановиќ, Симеон Здравковски, Филип Јовановски и Тино Спасиќ.
.
Уште во првата минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Виктор Стефановиќ. После една грешка на стоперот на Милано, Филип Јовановски беше играчот кој умешно одзема топка, центрираше на втора статива до Стефановиќ кој погоди за водство од 1:0. Пред крајот на првиот дел, односно во 42.минута од натпреварот, над Михаил Кузмановски беше направен прекршок во противничкиот шеснаесетник, по што главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од 11.метри беше Горјан Цветков за водство од 2:0 на полувреме.
.
Во 65.минута противникот од Куманово се врати во игра, кога после наше недоразбирање успеаа да намалат на 2:1. Предноста од два гола ја вративме во 86.минута кога погоди Тино Спасиќ за водство од 3:1. На голот претходеше акција во која Здравковски додаде со Стефановиќ, кој упати прецизен центар шут до Спасиќ кој се запиша во листата на стрелци. Во 89.минута, Милано намали на 3:2, после нафрлена топка од корнер, еден од нивните играчи погоди со глава. Конечниот резултат гласеше 3:2.
Играа уште и Илија Апостоловски, Христијан Стојановски, Рами Рахми и Бојан Јаневски.