Денес започна плеј-офот во женската ракометна сениорска лига, во 1.коло во салата „Круме Кепески“ во Скопје, црвено-црните дами на Царчев Александар ја пречекаа екипата на Металург. На оваа средба ЖРК Вардар дојде до реми 25-25, имавме и негатива од 5.гола на стартот на 2.дел, но очигледно мотивираната Трајкоска Јована ни даде шанса за бод.
Првиот дел започна со гол на Трпевска од пенал, ривалот веднаш изедначи на 1-1. Се играше гол за гол се до 9.минута кога беше 5-5 по голот на Џатевска од пола терен. Ривалот искористи две наши исклучувања и со серија 1-4 поведе со 6-9 во 16.минута. До крајот не успеавме да ја анулираме негативата, не можевме да пронајдеме игра за да се спротисавиме, на одмор заминавме со негатива 12-16 на оваа средба.
На самиот старт на вториот дел гостинот поведе со пет гола, 12-17. Искористивме неколку одбрани на нововлезената трајкоска Јована и намаливме на 16-18 во 36.минута кога од пенал погоди Ивона Трпевска. Имавме шанса и да дојдеме на гол негатива при 17-19 промашивме удар во 42.минута, гостинот се одбрани и веднаш побара тајм-аут бидејќи беше загрозена нивната предност. Tрајкоска блесна на голот, фаќаше се живо, тоа ни донесе реми 19-19 и напад за водство во 47.минута, кој за жал го изгубивме поради техничка грешка. Исто ни се случи и при 21-21 во 53.минута.
Противникот со два гола и играч повеќе поведе со 21-23, ние изнајдовме сила и изедначивме на 23-23 во 56.минута, вардарки се бореа одлично во поле. Диневска постојано не враќаше по негативите во финишот, со 25-25 влеговме во последната минута и топка за сино-белите дами кои имаа напад на 50.секунди до крај. Трајкоска фати удар во последните секунди на репрезентативката Младеновска и донесе реми, 25-25.
Кај нас Трпевска имаше 8.гола, Стефаноска Сара постигна 4.погодока, Трајкоска сопре 6.удари, а Илиќ фати 3.топки.