Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар 1961 без бодови од вчерашниот дуел
Кадетите на Вардар 1961 без бодови од вчерашниот дуел

Кадетите на Вардар 1961 без бодови од вчерашниот дуел

Кадетите на РК Вардар 1961 беа домаќини на ЗРК Голден Арт КЛ7 во дуел од групата-А во кадетската лига. На оваој дуел до победа дојде гостинот со резултат 34-37.

Гостинската екипа на почетокот поведе со два гола предност (1-3), ние успеавме да се вртиме во игра и да изедначиме на 5-5. Бевме резултатски рамноправни се до 5-5. Ривалот успеа да се одлепи на три гола предност при резултат 9-12, се играше еден доста ефикасен ракометен прв дел во “Круме Кепески“. Не успеавме да ја намалиме негативата и со минус три заминавме на одмор, односно со резултат  18-21.

Во вториот дел на неколку пати дојдовме на гол негатива, сепак не успеавме да изедначиме и да ја вратиме резултатската неизвесност. Противниот успеа да ги задржи трите гола позитива со кои дојде до три бода, бевме совладани со резултат 34-37.

Кај нас Петар Илиевски имаше 10.гола, двајца момци имаа по 9.погодока, станува збор за Никола Нечовски и Стаменков Томислав.