Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар денес го одиграа првиот натпревар од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Избраниците на Филип Деспотовски гостуваа во Ѓорче кај екипата на Њу Старс. Домашниот тим победи со резултат 2:1, но Вардар се уште има шанси за пласман во следната рунда.
По првото полувреме, кадетите на Њу Старс имаа водство од 2:0, со голови во 28 и 34 минута од мечот. Надеж за Вардар дека може да се пласира во полуфиналето, донесе Леонид Игнатов кој во 90 минута постигна многу важен гол за црвено-црните, со кој ги постави конечните 2:1 на овој меч од 1/4 финалето во Купот.
Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Салиу, Трајановски, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Гугуљанов, Омерагиќ (c), Речица, Игнатов.
Во недела, кадетите на Вардар ги очекува меч во лигата, на домашен терен ја пречекуваат екипата на Македонија Ѓ.П.