По воведните две кола и двата порази на домашен терен, КК Вардар ќе се обиде да дојде до првата победа во 3.коло од Македонската Прва кошаркарска лига која ќе се игра овој викенд.
Црвено-црните избраници на Дарко Радуловиќ, ќе гостуваат на младиот тим на МЗТ Скопје УНИ Банка. Мечот ќе се игра задутре, 26.октомври. Натпреварот кој ќе се игра во Спортскиот центар “Јане Сандански” – Скопје ќе започне во 16-00 часот. Одредена е и судиската тројка која е делегирана за овој дуел, станува збор за: Митровски, Михајловиќ и Крстевски. Противникот како и нас по две кола има два пораза, по овој дуел еден од тимовите ќе го запише првиот успех.