Руската ракометна селекција го одигра првиот натпревар на пријателскиот турнир на четири нации, што се одржува во Аргентина. На мечот со домаќинот кој се играше во Сан Хаун, избраниците на Кокшаров кој ја врши тренерската и директорската фунција во РК Вардар загубија од ривалот.
Првиот дел донесе рамноправна игра, помеѓу двата тима. Русите успеаа да заминат на пауза со минимално водсто од еден гол, 11-12. Во вториот дел го започнаа добро, доминираа на теренот па тие успеаа да отидат и на плус 3, поведувајќи со 15-18. Потоа домаќинот беше тим кој диктираше темпо, влезе во серија по што следеше и целосен пресвт. На крајот Аргентина дојде до триумф со резултат 24-22, откако погоди девет пати наспроти четирите примени погодоци.
Вардарци постигнаа повеќе од половина од погодоците за „Зборнаја“. Поради повреди на овој дуел не настапија Дибиров и Горбок кои и неотпатуваа за Јужна Америка. Прв стрелец беше на овој меч Шишкарев кој постигна шест гола, три гола беа дело на Горпишин, Калараш погоди два пати, а еден гол впиша Павел Атман. Покрај дузината вардарци во тимот, на клупата покрај селекторот Кокшаров е и вардаровиот тренер на голмани Периќ Дејан.