Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Минимален пораз за кадетите на ФК Вардар од Шкендија, на првиот 1/4 меч од купот
Минимален пораз за кадетите на ФК Вардар од Шкендија, на првиот 1/4 меч од купот

Минимален пораз за кадетите на ФК Вардар од Шкендија, на првиот 1/4 меч од купот

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар загубија на гостувањето во Тетово, против екипата на Шкендија, во рамките на првиот четвртфинален меч од купот на Македонија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1.

По првото полувреме домашната екипа имаше предност од 2:0. Домашната екипа го отвори резултатот во 18 минута за 1:0, додека на 2:0 зголемија во 31 минута од првото полувреме. Во вториот дел по само шест минути игра, избраниците на Влатко Колев успеаа да го намалат резултатот на 2:1, со голот на нововлезениот Стефан Наумчески. Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот и не толку лош резултат за нашите кадети кои успеаа да постигнат гол на теренот на противникот.

Претстојниов викенд се враќаме на настапите во првенството, каде за противник ја имаме екипата на Ренова. Натпреварот ќе се одигра исто така во Тетово.

ФК Вардар: Велковски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, Младеновски М, Битиќи, Адем, Благојевиќ, Ѓорѓиески, Ибиши, Димоски.