Вардаровата генерација “2003“ со предност од 3:1 ќе го започне реваншот во Тетово, во рамките на четврфиналето од купот на Македонија. Утрово на теренот на академијата двете екипи го одиграа првиот нивни натпревар, на кој поуспешен беше Вардар.
Тренереот Петрески стартуваше со следниот состав: Стојковски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Сељанац, Јовановски, Давидовски, Стојановски, Хасани, Андрески, Мирков, Младеновиќ.
Денес одигравме многу подобро за разлика од натпреварот во саботата, каде во рамките на регионалната – скопска лига бевме поразени од истиов противник. По првото полувреме Вардарци имаа водство од 1:0, со погодокот на повратникот во екипата, Антонио Мирков кој ја погоди противничката мрежа, на асистенција на Стојановски. Во вториот дел продолживме со офанзивната игра, што ни донесе шанси пред голот на Шкендија. Една таква ја искористи Лео Андрески кој му донесе водство на својот тим од 2:0. По една наша грешка во одбраната, противникот успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 2:1, но тоа беше се што сторија на денешениот дуел. Вардар продолжи да напаѓа, а втор гол на мечот постигна денес одличниот Лео Андрески кој со глава успешно стрела во мрежата на Шкендија, по асистенција на Хасани, за веќе предност од 3:1. Вардар има за што да жали на овој натпревар, со оглед дека можеше со поголемо водство да отпатува на реваншот во Тетово. Сепак Андрески промаши удар од белата точка, откако претходно во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Мирков, по што судијата покажа на белата точка и црвен картон за противничкиот стопер. Сепак на крајот конечниот резултат гласеше 3:1.