Во рамки на 4.коло во Македонската кугларска лига, Вардар одигра натпревар со екипата на Кугларскиот клуб 18-ти Август. Нашите момци триумфираа во натпреварот со “фенерџијата“ во МКЛ со 2-6. Сениорскиот тим во сетови и победија со 8:16, нашиот ривал имаше екипен скор од 3202, а нашите момци соборија 3292 “дрва“. Пред нив дуел одиграа и јуниорските состави и во овој дуел црвено-црните однесоа триумф.
Младите црвено-црни надежи победија со резултат 3-1 во соочувањето со врсниците од екипата на Кугларскиот клуб 18-ти Август кој се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. Стартуваа за нас Костадиновски Матеј и Мартин Митиќ, а подоцна на место на Матеј во игра влезе Љупчо Митиќ. Токму он “кумуваше“ на конечниот исход, тој направи пресврт и за само две “дрва“ донесе победа со 3-1.
1. Костадиновски Матеј 62+33=95/ Љупчо Митиќ 90+52=142
2.Мартин Митиќ 175+59=234