Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Леонид Игнатов ја “матираше“ Македонија Ѓ.П, пионерите на ФК Вардар со значајна предност пред реваншот од 1/4 на купот
Леонид Игнатов ја “матираше“ Македонија Ѓ.П, пионерите на ФК Вардар со значајна предност пред реваншот од 1/4 на купот

Леонид Игнатов ја “матираше“ Македонија Ѓ.П, пионерите на ФК Вардар со значајна предност пред реваншот од 1/4 на купот

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар со една “нога“ се во полуфиналето на националниот куп, откако утрово на теренот на Ѓорче, ја победија екипата на Македонија Ѓ.П со резултат од 0:2.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Петејчук, Мартин Спировски, Илиевски, Ѓурковски, Манасиевски, Хасановиќ, Ристовски, Омерагиќ, Андоновски и Игнатов.

Иако триумфиравме со резултта 0:2, избраниците на Сашо Тодоровски има за што да жалат бидејќи пропуштија уште неколку добри шанси да го завршат мечот со поубедлив триумф. Денес игравме со истата екипа, која во неделата не победи во првенството (0:4), но Вардарци денес одиграа за чиста десетка и заслужено на крајот победија. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1 со голот на Леонид Игнатов, додека истиов играч во вториот дел го зголеми водството на 0:2. Сосема поинакво издание за нашите пионери кои на најдобар можен начин се одмаздија на противникот за поразот во првенството. Овој резултат ни дава голема верба и надеж дека можеме да играме во полуфиналето, сепак не треба да се олабавуваме и се очекува да ја повториме истата игра и на реваншот кој се игра на наш терен.

Во игра во второто полувреме влегоа сите играчи, кои го започнаа натпреварот на клупата за резерви. Тоа се Кртовци, Марио Спировски, Апостоловски, Хасиќ, Николов и Цури.