Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Тројца вардарци со настап на “Подгоричкиот маратон“, Завировски највпечатлив
Атлетика! Тројца вардарци со настап на “Подгоричкиот маратон“, Завировски највпечатлив
Јакимовски Влатко

Атлетика! Тројца вардарци со настап на “Подгоричкиот маратон“, Завировски највпечатлив

Во недела на 29-ти октомври   во Подгорица (Црна Гора)  се оддржа   по 24 пат  Подгоричкиот маратон. Речиси цела деценија наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен превоз и сместување за 50-тина маратонци од Македонија. На оваа манифестација имаше три  учесници од Атлетскиот клуб Вардар.

 На пеколната 42 километарска, маратонска трка  настапивме со двајца црвено-црни момци. Легендата на македонската и вардаровата атлетика ветеранот Трпе Мартиновски кој и во шестата деценија од својот живот настапува и  Јакимовски Влатко.  Младиот Јакимовски беше 67.место со време 3-53-40, ова е одличен настап за него од два аспекта. Првиот го заврши маратонот кој е најтешка дисциплина во атлетиката, а воедно значајно го поправи ланското постигнување на оваа патека. Ветеранот Мартиновски имаше далеку подобар пласман, иако во поодминати години заврши 17-ти  со време 3-02-46. На оваа трка учествуваа 116 маратонци.

071

Завировски Петре!

На полумаратонската делница од 21 километар четврта година по ред свој настап  имаше вардарецот Петре Завировски, кој воедно забележа и најдобар пласман од црвено-црната експедиција во Подгорица. Тој  истрча онака како што посакуваше со време под 1час и 20 минути. Тој секогаш имал добар перформанс на оваа патека особено лани кога беше во врвна форма во овој период од годината.  Минатата 2016 гoдина ја забележа својата најбрза трка во кариерата со резултат 1:17:10.  На полумаратонската делница вардаровиот атлетичар беше во топ-10 според пласманот, а од македонските атлетичари  беше втор. Овој пат патеката долга 21.097км од Даниловград до Подгорица ја мина за 1:19:37