Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денес го објави списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар против Норвешка кој ќе биде одигран на 11 ноември во 16.00 часот. На списокот на селекторот Ангеловски се најдоа тројца играчи од редовите на македонскиот шампион, тимот на Вардар. Се работи за играчите од одбраната Дарко Велковски и Висар Муслиу, како и за играчот од средината на теренот Бобан Николов.
Фотографија од сите повикани играчи: