Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Романски судии на дуелот Вардар – Ларвик
Романски судии на дуелот Вардар – Ларвик

Романски судии на дуелот Вардар – Ларвик

ЕХФ делегираше судиска двојка од Романија да ја дели правдата на саботниот натпревар на кој се среќаваат лидерот на табелата во групата Ц, Вардар и тимот на Ларвик од Норвешка.

На овој натпревар главни судии ќе бидат Романките Кристина Настасе и Симона Станцу. Оваа судиска двојка на неколку наврати има судено во Скопје, исто така оваа двојка имаше чест да го суди полуфиналниот натпревар минатата сезона на Ф4 во Будимпешта на кој се сретнаа тимовите на Будуќност и Ѓер.

Натпреварот ќе биде одигран в сабота со почеток во 17 часот.