Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци пристигнаа во Сан Себастијан, вечерва официјалниот тренинг
Вардарци пристигнаа во Сан Себастијан, вечерва официјалниот тренинг

Вардарци пристигнаа во Сан Себастијан, вечерва официјалниот тренинг

Целокупната експедиција на ФК Вардар пристигна во шпанскиот град Сан Себастијан. Вардарци се сместија во хотел во самиот град, вечерва прво тренерот на Вардарци, Чедомир Јаневски ќе оджи прес – конференција пред медиумите заедно со еден наш играч. Одма потоа во 19 часот нашиот тим ќе го има официјалниот и единствен тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот.

Пред нашиот тим стои голем предизвик, Реал Сосиедад важи за еден екстра добар тим, на тоа нашите играчи се уверија во Скопје пред три недели кога беа високо поразени со резултат 0:6. Се надеваме дека утре Вардар ќе најде сили за еден добар натпревар и позитивен резултат од ова гостување.