ФК Вардар може да биде среќен што крај себе на секој натпревар има армија на верни навивачи. Популарните Комити уште еднаш докажуваат дека километрите не се проблем кога се работи за својот миленик, како што велат и самите, за Вардар ако треба и пешки до Сибир.
Комитите тргнаа на ново долго патување, овој пат не во Норвешка, туку во Шпанија кај тимот на Реал Сосиедад. Комитите уште вчера тргнаа на пат, се очекува утре да стигнат во Шпанија и да му дадат поддршка на нашиот тим на натпреварот в четврток.