Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите со само два примени гола и максимален број на освоени бодови станаа есенски Шампиони
Кадетите со само два примени гола и максимален број на освоени бодови станаа есенски Шампиони

Кадетите со само два примени гола и максимален број на освоени бодови станаа есенски Шампиони

Одлична полусезона за кадетите на ФК Вардар кои ги освоија максималните 21 бод на седум одиграни натпревари. Вардарци се наметнуваат како големи претеденти за освојување на шампионската титула, а најголем конкурент во остварување на целта ќе им биде екипата на Академија Пандев која заостанува само три бода.

Вардаровите кадети можат да се пофалат со најдобрата одбрана, односно оваа генерација прими само два гола на седум натпревари, додека го има и најдобриот напад со 24 постигнати голови. Избраниците на Филип Ивановски играа допадлив и атрактивен фудбал, па заслужено се промовираа во есенски Шампиони.

Сите постигнати резултати на кадетите во супер лигата:

1 коло: Вардар – Куманово Еуроспорт  9:0

2 коло: Ренова – Вардар   1:4

3 коло: Вардар – Шкендија  2:0

4 коло: Работнички – Вардар  0:1

5 коло: Вардар – Брегалница  4:0

6 коло: Вардар – Њу Старс  2:1

7 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:2

Штета, што не успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот, натпреварување во кое настапите ги завршивме во 1/4 финалето каде бевме елиминирани од екипата на Њу Старс. Пролетниот дел од сезоната во лигата ќе го стартуваме со домашен натпревар против екипата на Шкупи.