Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Хуманитарна акција „Подари срце, измами насмевка”

Комити: Хуманитарна акција „Подари срце, измами насмевка”

Соопштение од официјалната страница на навивачите на црвено-црните, Комити Запад.
131544541_3551305658257027_1365062964320943027_o
Оваа година која веројатно многумина ќе сакаат да ја заборават, година исполнета со лоши вести, рестрикции, карантини, трагедии, но истовремено и година во која солидарноста и пожртвуваноста за доброто на другите манифестирана од разни и (не)очекувани страни, особено дојде до израз.
Ние не бевме на страна од тие процеси, туку активно бевме вклучени во служба на општествената одговорност, хуманост и солидарност. Па во тој стил продолжуваме со еден нов конкретен проект кој стартува оваа Сабота, 19.12 до Понеделник, 21.12 – “Подари срце, измами насмевка”
Не ја занемаруваме неизвесноста која веќе подолго време не мачи, а во која се наоѓа нашиот ФК Вардар, сепак продолжуваме со нашите активности, повторно и традиционално за овој период ќе даруваме за најранливите категории.
Го повикуваме нашето членство, поддржувачи, симпатизери но и сите хумани луѓе кои се поистоветуваат со нашите бои и дела, да ни се придружат и да донираат Новогодишни пакетчиња, слатки, и други подароци кои можат да ги стоплат срцата на оние чии срца најсилно чукаат кога ќе разберат дека не се заборавени…
На две локации во Скопје можете да донирате:
- “СПОРТСКА МЕАНА” Во Ново Лисиче, и тоа Сабота и Недела (19-ти и 20-ти) од 10:00 до 18:00ч. и
- “МАЛА ПАЖЊА” – ТЦ Лептокарија – Карпош, и тоа во Сабота, 19.12 од 10:00- 17:00 како и во Понеделник од 10:00 до 20:00ч.
Ви Благодариме од срце !