Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар со цел „плен“ од Битола, кадетите освоија само бод
Младинците на ФК Вардар со цел „плен“ од Битола, кадетите освоија само бод

Младинците на ФК Вардар со цел „плен“ од Битола, кадетите освоија само бод

Денес во Битола, се одигра 12. коло во рамките на кадетската и младинската супер лига, во кое екипите на Вардар гостуваа на Пелистер.

Кадетите на Вардар одиграа само со нерешен резултат 1:1, иако цели 84 минути имавме предност, сепак потклекнавме во последните минути од дуелот. Рано го отворивме резултатот со гол во 9.минута кој беше дело на Харбин Речица, за предност од 0:1. Се играше 85 минута од дуелот, кога екипата на Пелистер постигна гол и ги постави конечните 1:1 на овој натпревар во кадетската супер лига.

Вардар: Китановски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Петејчук, Ѓурковски, Крстевски, Хасани, Гугуљанов, Омерагиќ, Речица, Трајановски.

Во игра влегоа уште и Салиу и Исени.

Младинците на Вардар успеаа да ги освојат трите бодови, откако го победија домашниот тим со резултат 0:3. Малик Хасановиќ беше играчот кој уште во 7.минута успеа да го отвори резултатот за 0:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Во вториот дел, црвено-црните постигнавме уште два нови голови. Во 54. минута, преку Иван Мицевски зголемивме на 0:2, додека конечните 0:3 во 64 минута ги постави Хиџрет Рушити, кој ги постави конечните 0:3 на овој дуел од младинската супер лига.  Денес на голот беше Лука Стојковски кој имаше неколку одлични интервенции.

Вардар: Стојковски, Мирчевски, Костовски, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Рушити, Ристовски, Ангелковски, Демири, Кртовци.

Во игра влегоа уште и Ацоски, Спировски и Цури.