Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дишлиески донесе нова победа за кадетите на контролен натпревар
Дишлиески донесе нова победа за кадетите на контролен натпревар

Дишлиески донесе нова победа за кадетите на контролен натпревар

Втора победа за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар на подготвките во Дојран. Денес избраниците на Влатко Колев одиграа пријателски натпревар со екипата на Беласица. Мечот заврши во полза на црвено-црните со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Оливер Дишлиески.

Истиот резултат беше актуелен и по првото полувреме, кога Вардар беше во предност. Ова е втор триумф за кадетите на подготовките во Дојран, откако вчера ја совладавме екипата на Брегалница од Штип со резултат 4:2.  Во текот на денешниот ден се враќаме во Скопје, каде во наредниот период ќе продолжиме со тренинзи за стартот на пролетниот дел од сезоната. Таму во првото пролетно коло се среќаваме со екипата на Академија Пнадев, меч кој ќе се одигра во Струмица.