Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Ријека подобра од Вардаровите кадети, денес играме за трето место на турнирот во Фоча
Ријека подобра од Вардаровите кадети, денес играме за трето место на турнирот во Фоча

Ријека подобра од Вардаровите кадети, денес играме за трето место на турнирот во Фоча

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар останаа без финале, на силниот меѓународен турни во Фоча (БИХ). Нашите млади надежи го загубија полуфиналниот меч, против екипата на Ријека од Хрватска. Резултатот на овој дуел гласеше 1:0. Во еден цврст и квалитетен натпревар, повеќе среќа имаше противникот, кој успеа да искористи една шанса и да ја претвори во гол. Имавме и ние свои моменти на добра игра и неколку прилики, кои за жал останаа неискористени. По првиот дел, исто така противникот имаше минимално водство од 1:0. Стрелец на голот беше Кучи во 16.минута.

19

Денес во 16 и 30 часот ќе играме за третото место, против екипата на Марибор. Ова е силна подготовка за избраниците на Влатко Колев, кои на средината на месец август, треба да ја стартуваат новата натпреварувачка сезона.