Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Кадетско-младинската екипа на ФК Вардар подобра од Аеродром на пријателски натпревар
Кадетско-младинската екипа на ФК Вардар подобра од Аеродром на пријателски натпревар

Кадетско-младинската екипа на ФК Вардар подобра од Аеродром на пријателски натпревар

Кадетско-младинската екипа денес го одигра првиот пријателки натпревар во подготвителниот период.

Нашите млади надежи на контролен натпревар успеаа да излезат како победници во оочувањето со екипата на Аеродром. Конечниот резултат гласеше 3:1, на полувреме беше 1:1.

1

После неколку обиди кон противничкиот гол, како најизгледни шанси ќе ги споменеме ударите на Бундалески и Фидановски, упеавме во следната шанса да го отвориме резултатот на 1:0 со голот на Филип Радевски. До крајот на првиот дел, противникот успеа да врати и да израмни на 1:1.

2

Во вториот дел, нашиот тренер, Трајче Стојковски, внесе комплетно друга постава на теренот. Токму нововлезените Михаил Танчев и Антонијо Кртевски (2007) успеаа да погодат и да донесат победа со резултат 3:1. Заслужена победа за нашиот тим кој покажа повеќе од противникот на теренот.

3 367393992_268759215911172_883649693448349199_n 367397887_268758769244550_8481086408750051082_n

Вардар: Никола Филевски, Зоран Фидановски, Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Лука Јакимовски, Давор Лефковски, Матеј Гаштаров, Филип Радевски, Михаил Кузмановски, Никола Уневски и Максим Бундалески.