Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пандев: Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак-фудбалот!
Пандев: Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак-фудбалот!

Пандев: Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак-фудбалот!

Минатиот викенд Брера во Струмица го пречека најтрофејниот Вардар. Пред преполна трибина и со многу луѓе зад головите кои немаа билети и со ,,Комитите”, мина одличното отварање на шампионатот.

По натпреварот, економот на ФК Вардар му подари дрес на македонскиот фудбалски великан, сега Претседател на ФК Брера од Струмица, Горан Пандев.

„Сакам Вардар да го видам оној стариот, на врвот на мак фудбалот. Онаму каде што му е местото“ – рече Гранде Пандев примајќи го подарокот од Љупчо Димовски, економот на Вардар.