Ракометарите на Вардар го заубија првиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Денес во Маврово, црвено-црните одиграа тест натпревар против Охрид кој го загубија минимално со резултат 26:27.
Вардар имаше предност во текот на целото прво полувреме, на моменти разликата беше и четири голови, додека на полувреме се замина со водство од 14:12 за избраниците на Недановски.
На стартот на вториот дел, екипата на Охрид го израмни резултатот на 14:14. Се играше гол за гол, а на крајот Охрид славеше со резултат 26:27.
Стефан Петриќ постигна 6 гола, а Мартин Томовски одбрани 6 топки, а Васил Гогов имаше три одбрани и два седмерци.