Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Единаесет победи и два порази за вардаровите генерации, во осмото пролетно коло од детската лига
Единаесет победи и два порази за вардаровите генерации, во осмото пролетно коло од детската лига

Единаесет победи и два порази за вардаровите генерации, во осмото пролетно коло од детската лига

Во саботата се одигра осмото пролетно коло во детската фудбалска лига. Настапија сите генерации на Вардар, кои забележаа единаесет победи и два порази.

Вардаровата генерација “2005“ имаше половичен успех во ова коло, забележувајќи една победа и пораз. Вардар (1) го победи тимот на Шкупи (6:3), додека Вардар (2) го доживеа третиот пораз оваа сезона, откако Металург беше подобар и триумфираше со резултат 1:2. Успешно коло имаше генерацијата родени “2006“ година кои остварија две победи. Вардар (1) го доби дуелот со Работнички (2) со резултат 9:2, додека пак Вардар (2) исто така победи во дуел со тимот на Фљамуртари со резултат 5:2. Генерацијата “2007“ одигра три натпревари и имаше исто толку победи. Вардар (1) излезе како подобар во дуелот со Сарај (4:2), додека Вардар (2) го победи тимот на Спорт Ефе со резултат 6:1. Вардар (3) продолжува со победите во повозрасната генерација “2006“, во ова коло настрада екипата на Драчево, која ја победивме со резултат 4:2.

Генерацијата “2008“ оствари исто така две победи во ова коло. Вардар (2) го доби дуелот со екипата на Металург со резултат 7:1, додека Вардар (1) беше подобар од тимот на Албарса, со резултат 8:0. Генерацијата “2009“ со една победа и пораз го заврши ова коло. Вардар (1) беше подобар од тимот на Шкупи со резултат 6:4, додека Вардар (2) беше поразен од Кул (2), со резултат 1:3. Две победи за најмладата генерација родени “2010“ година. Вардар (1) со пресврт го победи тимот на Скупи (5:1), додека Вардар (2) го совлада Шкупи (6:1).

Извештаи од сите споменати мечеви на вардаровите генерации, можевте да прочитате на нашиот веб сајт.