Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски ќе го ,,прескокне” дуелот со Кадино
Блажевски ќе го ,,прескокне” дуелот со Кадино

Блажевски ќе го ,,прескокне” дуелот со Кадино

Капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски нема да може да му помогне на својот тим на саботниот натпревар на домашен терен против екипата на Кадино.

Причината поради која Блажевски нема да игра во сабота е  тоа дека на натпреварот во Боговиње доби петти жолт картон оваа сезона, што значи дека ќе мора да паузира еден натпревар. Можеби оваа пауза за напаѓачот доаѓа во вистинско време, пред натпреварот против последнопласираниот тим на табелата.

Дуелот на Вардар и Кадино се игра во сабота со почеток од 13 часот. Вардар ќе ,,брка” трета победа во низа и со тоа да ја заокружи есенската полуетапа со една убава серија.