Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар – Кудуз: Не одигравме добро во одлучувачките моменти
Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар – Кудуз: Не одигравме добро во одлучувачките моменти

Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар – Кудуз: Не одигравме добро во одлучувачките моменти

Вардар загуби и на седмиот последователен натпревар во Лигата на Шампионите, откако не успеа да освои бодови и на гостувањето кај екипата на ППД Загреб. Иако имавме добиен натпревар, кога водевме со три гола разлика на пет минути пред крајот, сепак на крајот останавме со празни раце, домаќинот славеше со резултат 23:22.

После натпреварот, на прес-конференцијата пред медиумите се обрати тренерот Вујовиќ и Кудуз.

Вложувавме многу надеж дека можеме повеќе на овој меч. Загубивме добиен меч, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа.

За седум дена чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро, истакна Вујовиќ.

Кудуз не го повтори изданието од натпреварот со Кил, и заврши со само еден постигнат гол.

„Пред се сакам да му честитам на Загреб за победата и како се крева од меч во меч, тоа е убаво да се гледа. Овој натпревар беше доста чуден. Во првиот дел создававме добри шанси, не игравме лошо во нападот, но промашувавме, нешто фати голманот, нешшто заврши во стативата, но се држевме рамноправно до ривалот. Во вториот дел ситуацијата се сврте, противникот почна да греши, но како што одминуваше натпреварот, во одлучувачките моменти кога требаше да одиграме онака како што треба, не го направивме тоа, а противникот не казни во ова балканско дерби, изјави Кудуз.