Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров ќе мора да паузира

Грнчаров ќе мора да паузира

Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров заработи повреда на натпреварот во неделата против Победа каде беше принуден теренот да го напушти уште во 62 минута од мечот.

Првичните информации велат дека поради таа повреда нашиот играч ќе пропушти еден или два првенствени натпревари, против Брегалница и можеби Македонија Ѓ.П.

По оваа повреда, проблемите за тренерот Седлоски продолжуваат, по враќањето од Анталија се повредија Попов и Спировски, сега на листата се приклучува и Грнчаров, додека пак Балотели веќе подолг временски период е надвор од тренажен процес.