Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Апостоловски: Се надевам дека ќе ја поминеме и следната пречка и ќе се најдеме на завршниот турнир во купот, што ќе претставува најголем успех на оваа екипа
Стефан Апостоловски: Се надевам дека ќе ја поминеме и следната пречка и ќе се најдеме на завршниот турнир во купот, што ќе претставува најголем успех на оваа екипа

Стефан Апостоловски: Се надевам дека ќе ја поминеме и следната пречка и ќе се најдеме на завршниот турнир во купот, што ќе претставува најголем успех на оваа екипа

Изминатиов викенд се одиграа осминафиналните групи во ракометниот куп на Македонија. Екипата на РК Вардар 2 имаше свој настап во овој дел од натпреварувањето. Тие излегоа како победници во својата осминафинална група, откако во финалниот решавачки натпревар беа подобри од екипата на Текстилец. Избраниците на Зоран Петковски имаа постојано водство и контрола на резултатот, за на крај да забележат убедлив триумф со резултат 31:23. На тој начин успеавме да обезбедиме пласман во најдобрите осум екипи на ова натпреварување. Како помина овој натпревар ќе прочитате од изјавата на Стефан Апостоловски.

-Екипата на Текстилец ни беше позната од натпреварите во првата ракометна лига, каде веќе еднаш ги совладавме оваа сезона во лигата и тоа на нивни терен во Штип. Со константно добра игра лесно го добивме овој дуел во купот. Во првите десет минути противникот даде силен отпор, но ние одигравме на високо ниво и не дозволивме ниту во еден момент да ја испуштиме предноста. Натпреварите во националниот куп се нешто ново за нас како млад состав кој како поминува сезоната се повеќе созреваме и стекнуваме искуство преку ваквите мечеви. Се надевам дека ќе ја поминеме и следната пречка и ќе се најдеме на завршниот турнир во купот, што ќе претставува најголем успех на оваа екипа.

vardarfans-tekst

Овој викенд стартува пролетнот дел во првата ракометна лига, а младиот состав на Вардар 2 ќе стартува од втората позиција со само еден бод помалку од тимот на Младост.

-Секоја екипа има своја цел да биде на врвот како и ние, можеби не очекувавме да стигнеме до високото второ место во есенскиот дел од сезоната, но со напорна работа го докажавме тоа во натпреварите. Очекуваме уште подобри резултати во пролетниот дел и на крај се надевам дека ќе успееме во зацртаната цел.

Звонко Ивановски