Викендов се одигра 8.коло во Вардар Јуниор лигата, истото се играше во салата “Јане Сандански“. Повторно лидер на табелата кај момците во генерација 2000/2001 е РК Филип Вардар од Прилеп. Тие и Гостивар Вардар се натпреваруваа за првото место во групата, во меѓусебниот дуел прилепскиот тим извојува победа 24:15 против Гостивар Вардар. Со тоа Филип Вардар повторно се врати на лидерската позиција во категоријата, а зад него се најде Гостивар Вардар, кој има ист број на бодови, но послаба гол разлика. Во продолжение погледнете ја табелата и резултатите од 8 коло.
Кај момците во генерацијата 2002/2003 нема промени на врвот кој е резервиран за РК Преспа Вардар, тој тим остана и понатаму лидер со максимален учинок. Викендов тие забележаа победа против тимот на ГРК Гостивар Вардар со резултат 29:9. Резултати и табели од оваа категорија може да погледнете во продолжение.
Мечеви имаше и во генерацијата 2004/2005 во машка категорија тука РК Бисинов Вардар со максимален учинок се наоѓа на лидерската позиција. Тие викендов беа подобри од екипата на Асови Вардар со резултат 25:6. Резултати и табели од ова 8.коло кај момците може да погледнете на следната фотографија.
Мечеви во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ има и најмладите учесници во Јуниор лигата, генерација 2006/2009, тие одиграа 9 натпревари во мини ракомет. Во оваа категорија дечињата кои се натпреваруваат во мешани состави, момчиња и девојчиња. Во продолжение посгигнатите резултати во оваа категорија.