Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Состанок на ФК Вардар со претставниците на регионалните школи, пред стартот на пролетниот дел во “Јуниор“ лигата
Состанок на ФК Вардар со претставниците на регионалните школи, пред стартот на пролетниот дел во “Јуниор“ лигата

Состанок на ФК Вардар со претставниците на регионалните школи, пред стартот на пролетниот дел во “Јуниор“ лигата

Денеска на тренинг комплексот во населбата Хиподром, фудбалскиот клуб на Вардар одржа состанок со претставниците на сите регионални школи кои се дел од академијата на ФК Вардар. На истиот беше разговарано за идните планови и програми поврзани со “Јуниор“ лигата. На состанокот се обратија директорот на академијата, Марио Кофилоски, потоа директорот на младинската школа, Горан Митев како и координаторите, Сашо Милошевски и Павел Неделковски:

Сакаме да ја подигнеме “Вардар Јуниор Лигата“ на едно повисоко ниво, и затоа сме подготвени да превземеме некои чекори кои што ќе доведат до подобрување на истата. Затоа се собравме денеска со цел да им соопштиме на нашите регионални единици какви ни се намерите, и какви новитети ќе имаме во иднина, рече Кофилоски.

Неделковски потенцираше дека ќе се работи по однапред утврдена програма.

-Сите регионални единици ќе работат по однапред утврдена програма, и таа програма ќе им биде праќана на тренерите кои што ќе треба да работат со сите генерации. Со истата програма ќе работат и другите категории. Ова е за цел да се подобри квалитетот во помладите категории, изјави Неделковски.

vardarfans

Директорот на младинската школа, Горан Митев зборуваше за можното подигнување на квалитетот на оваа лига која има големо значење за Вардар, но и за фудбалот во цела Македонија.

-Целта е да се види што можеме ние како клуб да придонесеме да се подигне Вардар Јуниор Лигата на скалило погоре. Сакавме да ги слушнеме претставниците на сите регионални единици дали ќе се согласат со она што ние го имаме како предлог за да можеме да го подобриме квалитетот, а можеби и тие имаат некои свои предлози. Затоа сме тука собрани и мислам дека можеме многу да придонесеме за развој на овој проект кој што ќе донесе бенефит на клубот, рече Митев.

Координаторот Милошевски вели дека до сега соработката со регионалните школи била одлична и истата се надева дека ќе продолжи и понатаму.

-Ги собравме сите претставници од регионалните единици на ФК Вардар за да се договориме како ќе работиме понатаму во пролетниот дел од сезоната, и да го утврдиме распоредот на натпревари и турнири. До сега со регионалните единици имавме одлична соработка, и се надевам дека истата ќе продолжи и понатаму , изјави Милошевски.